Дома Топ вести ПСЖ планира голем шопинг на „Сантиаго Бернабеу“

ПСЖ планира голем шопинг на „Сантиаго Бернабеу“

Како се ближи летниот преоден рок така се повеќе има шпекулации за потенцијални трансфери кои не очекуваат во наредниот период.

Многу клубови сигурно ќе бидат доста активни кога е во прашање менување на играчкиот кадар, а се очекува ова лето европските великани да бидат многу поактивни од вообичаено. Тоа посебно се однесува на Реал Мадрид, кој планира тотална реконструкција на тимот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Кралевите“ сигурно ќе продадат голем број од своите играчи, а интересот за повеќето од нив е веќе огромен.ПСЖ покажува сериозен интерес за тројца играчи на Реал Мадрид и тоа, Герет Бејл, Тони Крос и Иско.

Наводно, францускиот клуб е спремен да плати околу 180 милиони фунти за ова трио, но се уште не е јасно дали сите тројца ќе бидат ставени на трансфер листата. Сигурно е дека Бејл ќе го напушти клубот, додека за Крос и Иско се уште нема информации.

Од друга страна, и ПСЖ сака да направи место во екипата за нови засилувања, а наводно „Паркот на принцевите“ ова лето ќе го напуштат Дракслер, Ди Марија и Кавани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…