Дома Фудбал Ни Јамал, ни Родри…кога овој човек е на теренот Шпанија никогаш не губи!

Ни Јамал, ни Родри…кога овој човек е на теренот Шпанија никогаш не губи!

Додека Шпанија се подготвува за големото финале на Светското првенство, јавноста е фасцинирана од неверојатниот податок поврзан со нивниот играч од средниот ред. Фабиан Руиз за репрезентацијата одиграл 49 натпревари, и верувале или не, се уште нема запишано пораз во својата статистика.

Во светот на современиот фудбал, каде изненадувањата се чести, а конкуренцијата жива и силна, звучи неверојатно дека еден играч може да одигра близу 50 натпревари за репрезентација без ниту еден пораз, доколку не ги сметаме пеналите. Сепак, токму тој подвиг го постигна Фабиан Руиз.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Играчот од средниот ред на шпанската репрезентација се трансформираше во вистински феномен и официјален талисман за својата земја. Со 49 одиграни натпревари во дресот на Шпанија, Руиз го носи статусот на апсолутно непоразен играч.

Кога дебитираше за Шпанија во јуни 2019 година против Фарските Острови, малкумина можеа да предвидат каков рекорд ќе следи. Денес, тој е сопственик на еден рекорд кој изгледа надреално.

Во ова милениум никој нема одиграно толку натпревари од моментот на дебитирање без пораз, а веќе подолго време го надмина претходниот рекорд на Данецот Јенс Стригер Ларсен од 36 натпревари.

Со 49 натпревари без пораз, Руиз се изедначи со познатиот Бразилец Гаринча (49 натпревари без пораз во периодот од 1955 до 1966 година). Пред него на вечната листа е само неговиот сонародник Карлос Марчена, кој за Шпанија беше непоразен во дури 57 последователни натпревари од 2003 до 2010 година.

На прв поглед подвигот на Руиз изгледа невозможен бидејќи симболично Шпанија од 2019 година запиша и порази како оној од Јапонија на Светското првенство во Катар, од Шкотска на квалификациите, па дури и во пријателски натпревар против Колумбија.

Сепак, тука настапува неверојатна коинциденција или, како некои би рекле, чиста магија: на сите овие натпревари, Фабиан Руиз не играше. Или беше на клупата, или не беше дел од составот. Секогаш кога тој ќе излезе на терен, Шпанија славеше или играше нерешено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Камерите го „уловија“: Погледнете ја реакцијата на Мбапе по вториот гол на Шпанија (Видео)

Килијан Мбапе се најде под лупа на јавноста во Франција после појавување на видео кое откр…