
Поранешниот играч на средниот ред на Реал Мадрид и францускиот национален тим, Клод Макелеле, призна дека лично му препорачал на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, да го потпише крилото на Баерн Минхен, Мајкл Олисе. Шпанските медиуми претходно објавија дека „белиот балет“ е заинтересиран за 24-годишниот фудбалер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Мајкл Олисе во Реал Мадрид? Би го поддржал тоа. Имав прилика да разговарам со претседателот, Флорентино Перес, и му кажав: Ако има пари за трошење за само еден играч, тој е. Олисе враќа истото чувство за фудбал, тој вкус кој го чувствувавме како деца: талент, слобода, квалитет, ефективност. Кога не е на теренот, неговото отсуство се забележува. Кога Олисе е во форма, чувствуваш дека може да направи нешто неочекувано во секој момент, како Меси“, рече Макелеле.
Олисе игра за Бајерн од 2024 година. Во сезоната 2025/26 одигра 52 натпревара за минхенскиот клуб во сите натпреварувања, постигнувајќи 22 гола и давајќи 31 асистенција. На Светското првенство, Французинот направи шест асистенции во шест натпревара.