Дома Фудбал Богдановиќ повторно е хит: Никогаш не сум видел како плачат повеќе милијардери од ова СП, уште само Меси да заплаче

Богдановиќ повторно е хит: Никогаш не сум видел како плачат повеќе милијардери од ова СП, уште само Меси да заплаче

Поранешниот фудбалер на Железничар, Раде Богдановиќ, повторно го привлече вниманието со својата анализа на натпреварот меѓу Шпанија и Франција на Светското првенство.

Богдановиќ, кој е стручен коментатор на Радио Телевизија Србија (РТС) за ова првенство, на шеговит начин ги прокоментира солзите на Килијан Мбапе по поразот на Триколорите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“Само уште Меси да заплаче, и ќе имаме комплетен тим. Мбапе, Нејмар емотивно се исплакаа, Роналдо исто така, и оној твој Парагваец со лажните солзи. Никогаш не верувај во солзите од Јужна Америка. Такви солзи може да пролее мојата мајка кога гледа сапуници… И Меси ќе заплаче” изјави Богдановиќ во студиото на РТС по синоќешниот натпревар.

Во најавата за вечерашниот дуел меѓу Аргентина и Англија, тој уште еднаш предвиде солзи на Меси, бидејќи е убеден дека Гаучосите ќе бидат елиминирани.

“Ќе плаче. Никогаш во животот не сме виделе повеќе милијардери во солзи на едно Светско првенство. Јас лично би сакал да го видам Меси како плаче. Поради се, судиите, ВАР, натпреварите… Меси е гениј, но би сакал да го паметиме овој Мундијал по тоа дека сите плачеа. Зошто Англија – Шпанија? Затоа што сме во Европа. Без оглед што Аргентина е секогаш Аргентина. Сепак, постои таа една дамка, мој личен став е против Аргентина, навистина би сакал и Меси, и Роналдо, и Нејмар… Сите да се расплачат,” заврши Богдановиќ.

Натпреварот меѓу Аргентина и Англија се игра вечерва од 21 часот, а победникот ќе се натпреварува за титулата светски првак со Шпанија во финалето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Летна бомба од Босфор: Фил Фоден за 70.000.000 евра!?

Галатасарај започна контакти со Манчестер сити во врска со можен трансфер на англискиот ре…