Пресконференцијата на Јирген Клоп пред мечот со Арсенал, за момент беше прекината поради неочекуван телефонски повик. Додека слушаше прашање од еден новинар, на друг му заѕвони телефонот кој беше поставен токму пред Клоп. „Стоматологот се јавува, мора да е итно“, рече Клоп и предизвика смеа кај сите присутни.
Телефонски повик го прекина пресот, Клоп направи шоу 🎥
