Дома Трансфер зона Aлонсо со себе во Ливерпул ја носи и ѕвездата на Леверкузен?

Aлонсо со себе во Ливерпул ја носи и ѕвездата на Леверкузен?

Чаби Алонсо е прв кандидат да го наследи Јирген Клоп, но тој можеби нема да биде единствениот кој од Леверкузен ќе се пресели во Ливерпул ова лето.

Во дел од германските и островските медиуми се појави информација дека заедно со Алонсо на „Енфилд“ би можел да се пресели и десниот крилен играч Џереми Фримпонг. Самиот фудбалер и не ја крие желбата еден ден да го облече дресот на Ливерпул.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ливерпул е голем клуб со богата историја. Би било одлично да заиграм за така голем клуб. Ќе видиме, кој знае што носи иднината за мене“, изјави Фримпонг.

Фримпонг е еден од најдобрите фудбалери на Баер кој чекори кон титулата во Бундеслигата каде што има осум бода предност во однос на Баерн Минхен. Фримпонг импресионираше со учинок од девет голов ии десет асистенции.

Исто така не треба да се заборави и дека има само 23 години, па така пред него е светла иднина, но ќе видиме каде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…