Moхамед Салах се приклучи на тимот на Ливерпул по повредата која ја заработи на Африканскиот Куп на Нации, а сега внимание привлече поранешниот играч на „црвените“ Марк Лоренсон.
Имено, според неговата изјава Салах има договор да го напушти клубот во јуни.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Сигурен сум 100% дека Салах ќе замине ова лето. Без разлика што ќе се случува, мислам дека има договор помеѓу двете страни.
Очекувам да се пресели во лига како таа во Саудиска Арабија, се надевам Ливерпул добро ќе заработи. Ако Салах се пресели во Саудиска Арабија ќе биде третиран како крал. Можеше тоа да го направи и минатото лето“, изјави Лоренсон.