Дома Фудбал Жесток напад врз Вирц: Ако ова не успее, мора да биде продаден

Жесток напад врз Вирц: Ако ова не успее, мора да биде продаден

Големиот трансфер на Флориан Вирц во Ливерпул минатото лето предизвика огромни очекувања, но изгледа дека германскиот репрезентативец сè уште не го оправда епитетот на едно од најскапите засилувања во историјата на клубот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вирц пристигна на „Енфилд“ од Баер Леверкузен за повеќе од 100 милиони фунти, со што стана рекордно засилување на Ливерпул, но почетокот на неговата епизода во Премиер лигата не помина како што многумина очекуваа.

Поради тоа се појавија и првите сериозни критики, а особено остра беше поранешната фудбалска и денес аналитичар Крег Бурли.

„Да престанеме веќе да ги заобиколуваме работите кога е во прашање Флориан Вирц. Уморен сум од тоа. Тоа што го правеше во Германија – го правеше во Германија. Тоа е минато. Во овој тим на Ливерпул изгледа неверојатно лесно и без сила“, рече Бурли.

Тој смета дека Германецот моментално не ги покажува квалитетите поради кои беше еден од најбараните млади играчи во Европа.

„Ако нема голови, каде се тогаш додавањата? Каде се оние дриблинзи низ три или четири играчи какви што правеше во Леверкузен? Каде е сето тоа сега?“, се запраша поранешниот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најмоќниот човек во европскиот клупски фудбал сака да биде претседател на ФИФА

Ќе биде возбудливо кога ќе започне кампањата за изборите кои ќе се одржат во март 2027 год…