Дома Фудбал Англија Клоп доби одлични вести во вистински момент

Клоп доби одлични вести во вистински момент

Meнаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп денес потврди дека Мохамед Салах е целосно спремен за враќање на терен.

Пред утрешниот натпревар Германецт потврди дека Салах ќе биде во комбинација за настап.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Мо тренираше и добро се чувствува и секако ќе биде во конкуренција за настап. Тука се и Бредли, Џо Гомез и Алисон, Конате се враќа по суспензијата, но не и Трент и Собослаи“, изјави Клоп.

Ливерпул во наредните десет дена има густ распоред бидејќи во недела гостува кај Бретнфорд, потоа во среда го пречекува Лутон во заостанатиот натпревар, а наредниот викенд следи борба за првиот трофеј, финалето во Лига Купот против Челзи.

Враќањето на Салах секако дојде во вистински момент и се очекува Клоп да му ја дозира минутажата за диде спремен за финалето на „Вембли“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Готово: Ова е листата на фудбалери кои ќе го напуштат Реал Мадрид!

Реал Мадрид се наоѓа на прагот на уште една сезона без трофеј. Само чудо може да им ја дон…