Чаби Алонсо многумина веќе го гледаат како нов тренер на Ливерпул наредната сезона. Јирген Клоп заминува на крајот на актуелната, а Алонсо на големо се најавува за негов наслендик.
Клоп добар дел од кариерата помина на „Енфилд“ каде што играше и одлични натпревари, додека сезонава фантастично му оди на клупата на Леверкузен.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
По 11 сезони во кои Баерн ја освојуваше титулата, сезонава изгледа дека Леверкузен ќе ја прекине таа доминација. По сите најави сега во медиумите за својата иднина се огласи и самиот шпанскиот стратег.
„Можеби имате прашања за мојата иднина, но немам што да кажам. Во моментов сум во Леверкузен и тоа е сигурно. Засега немам ништо за мојата иднина, ќе видиме што ќе се случи“, одговори Алонсо на прашањето на новинарите.
По 22 кола во Бундеслигата, Леверкузен е лидер со 58 бода, осум повеќе од Баерн.