Дома Фудбал Седлоски ги избра фудбалерите за мундијалската битка – имаме тројца дебитанти! (Фото)

Седлоски ги избра фудбалерите за мундијалската битка – имаме тројца дебитанти! (Фото)

Македонската фудбалска репрезентација на 26 март овој месец ја очекува еден од најважните натпревари во последните години, а пред овој дуел новиот селектор Гоце Седлоски го објави списокот на повикани фудбалери.

За Седлоски кој на клупата го наследи Благоја Милевски натпреварот со Данска во Копенхаген ќе биде и негово деби, па така ова е и прв список кој го објавува. Како и што се очекуваше на него има повеќе промени во однос на фудбалерите на кои сметаше неговиот претходник.

На списокот на Седлоски има тројца дебитанти и тоа: Имран Фетаи од Шкендија, Дени Мусовски од Сиетл во САД и Колумбиецот Себастијан Херера кој поседува македонски пасош и настапува за Борац Бања Лука. Тука се и повратниците: Бобан Николов и Љупче Дориев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Четири англиски гиганти планираат удар врз Манчестер Сити: Се работи за повеќе од 200 милиони фунти.

Проблемите за Манчестер Сити би можеле да станат уште поголеми. Откако нејзина независна к…