Дома Фудбал Англија Навивачите на Ливерпул јасно кажаа кого сакаат за наследник Клоп

Навивачите на Ливерпул јасно кажаа кого сакаат за наследник Клоп

Веќе е добро познато дека по завршувањето на сезоната, Јирген Клоп ќе го напушти Ливерпул. Заминувањето Клоп го најави пред неколку недели, па така клубот од „Енфилд“ ќе мора да му пронајде адекватна замена.

Навивачите јасно си кажаа кого сакаат, а тоа е Чаби Алонсо. Шпанецот во овој момент е и најголем фаворит за наследник на германскиот стратег.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Островските медиуми направија анкета во која дури на 63% од навивачите на Ливерпул одговориле дека сакаат Алонсо да го замени Клоп.

Зад Алонсо е Стивен Џерард, но само со 18%, потоа следи Пеп Лијндес (помошник на Клоп) со 8%, па Роберто Де Зерби со 4%, а по 2% гласови добиле Јулијан Нагелсман, Рубен Аморим и Томас Франк.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дерби на денот: Баварците спремаат пеколен пречек за „кралот“

Денес продолжуваат полуфиналните натпревари од Лигата на шампиони, а секако очите на фудба…