Фудбалерите на Ливерпул ја освоија титулата во англискиот Лига Куп откако во финалето на „Вемблиз“ по продолженија го победија Челзи со минимални 1:0.
Во регуларниот дел гледавме отворена игра, мрежата по еднаш се тресеше и на двете страни, меѓутоа ВАР реагираше, па погодоците се поништуваа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Спорна ситуација видовме кон средината на првото полувреме кога Каиседо брутално стартуваше над Гравенберх кој за тој старт на крајот и со ВАР не доби ниту жолт картон. Поради повреда холандскиот фудбалер мораше да го напушти теренот.
Моментот на одлука се случи пред крајот на второто продолжение кога Ван Дајк во 118. минута постигна гол вреден трофеј.
VAN DIJK GOAL….Chelsea really lost against some kids lol pic.twitter.com/3pxTPRcYZq
— Dr Yash (@YashRMFC) February 25, 2024