Дома Кошарка На познат кошаркар му е откриена ретка болест: Рехабилитацијата може да трае и до пет години

На познат кошаркар му е откриена ретка болест: Рехабилитацијата може да трае и до пет години

Вил Камингс (33), кошаркарот на Галатасарај, се соочи со сериозен здравствен проблем поради кој одамна го нема на теренот. Последниот натпревар го одигра на 1 февруари оваа година против Петкимспор.

Имено, на Камингс му е дијагностицирана саркоидоза.

Станува збор за хронично воспалителна болест која најчесто се појавува во белите дробови и лимфните жлезди, но може да зафати и кој било друг орган.

Галатасарај не го соопшти очекуваното време на отсуство на нивниот плејмејкер. Кај полесните форми е потребно мирување во траење и до неколку месеци, додека во случај на потешка варијанта е потребна терапија со кортикостероиди, а во такви случаи целосното отстранување на саркоидозата од организмот може да потрае и до пет години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Олимпијакос доби НБА „мултипрактик“: Кој е Џон Кончар?

Џон Кончар потпиша на две години со Олимпијакос. Во Пиреја пристигнува играч кој одбраната…