Ливерпул и Чаби Алонсо изгледаат како идеален пар и многумина очекуваат поранешниот шпански репрезентативец да се врати на „Енфилд“ сега во улога на тренер.
Јирген Клоп веќе потврди дека заминува на крајот од сезоната, а Чаби Алонсо засега огромен фаворит во однос на конкурентите за наследник на германскиот стратег.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
По констатните пишувања изминатите медиуми за Чаби Алонсо и Ливерпул, сега за првпат се огласија и од Леверкузен. Спортскиот директор на Баер, Симон Ролфес и покрај се што се пишува верува дека Алонсо ќе остане на клупата.
„Сигурен сум дека Чаби останува. Има договор и убаво се чувствува кај нас. Имам одлична екипа со преспектива за следната сезона. Секој од нас има своја улога во клубот и носи одреден квалитет. Не сме зависини од еден систем, туку тој се прилагодува на играчите кои се достапни“, изјави Ролфес.
Сезонава Леверкузен под водство на Алонсо игра фантастично и на одличен пат е да ја прекине доминацијата на Баерн Минхен бидејќи на табелата имаат предност од осум бода.