Славниот Душан Дуда Ивковиќ денес беше погребан во Белград. На погребот присуствуваа големи имиња од европската и светската кошарка. Жељко Обрадовиќ, Владе Дивац, Дино Раѓа, Предраг Даниловиќ, Жељко Паспаљ и Јуре Здовц го носеа ковчегот. На погребот присуствуваше и првиот човек на македонската кошарка Перо Антиќ.