Баер Леверкузен има за цел да ја продолжи својата извонредна серија од 47 натпревари без пораз оваа сезона, но тоа нема да биде лесна задача, изјави во петокот тренерот на германскиот шампион Чаби Алонсо.
Новокрунисаниот шампион во Бундеслигата се доближи до тројна круна откако ја совлада Рома со 2-0 на гостински терен во првиот натпревар од полуфиналето на Лига Европа во четвртокот, а стигна и до финалето на Купот на Германија против Кајзерслаутерн.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Леверкузен, кој стави крај на 11-годишната доминација на Баерн Минхен со првата титула во Бундеслигата и го обезбеди првиот трофеј од 1993 година, во недела во Франкфурт патува за шестопласираниот Ајнтрахт.
„Сакаме да останеме непоразени и знаеме дека секоја недела станува се потешко. Сите сакаат да не победат“, изјави Алонсо за новинарите. „Не беше лесно во Франкфурт во последните години, секогаш е тежок противник со флексибилен систем на игра. Немаме многу време да се подготвиме“, додаде тој.
42-годишниот Шпанец ќе го следи натпреварот во Франкфурт од трибините откако го доби четвртиот жолт картон сезонава за време на ремито 2-2 на неговиот тим со Штутгарт минатата недела.
„Подобро може да се види играта од трибините, а јас можам да комуницирам со клупата“, рече тој.
„Ќе ми недостига директниот контакт со тимот за време на натпреварот, но играчите се доволно интелигентни за да донесат индивидуални одлуки за ситуациите на теренот.