Дома Фудбал ВИДЕО Навивачите истрчаа на теренот и започнаа лудо славје. Потоа останаа шокирани со гол во 95-та

ВИДЕО Навивачите истрчаа на теренот и започнаа лудо славје. Потоа останаа шокирани со гол во 95-та

Голема борба за влез во првата лига се води во Холандија. Враќање во елитното друштво обезбеди Вилем Втори, а на дофат на тој успех беше Рода која во петокот на домашен терен го победи Камбур со 2:0.

Нивните ривали во битката за второто место, Гронинген, губеа со 1-0 од Телстар и се чинеше дека славењето може да започне.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Сепак, Гронинген успеа да израмни во 95. минута и така остана во борба за пласман во најсилната холандска лига.

Навивачите на Рода, сепак, имаа нешто поинакви информации. Официјалниот најавувач Вим Фријнс на стадионот објави дека Телстар води со 2:1, што ги натера навивачите масовно да истрчаат на теренот и да започнат бурно славје.

“Некој ми кажа дека Телстар постигнал гол. Луѓето плачеа покрај мене од среќа. Фудбалерите на Рода се вратија на теренот да слават со навивачите. Мислев дека информацијата е точна. Дури подоцна дознав дека нема гол. Но, прославата на навивачите никој не можеше да ја спречи“, призна тој во интервју за Voetbal International.

Инаку, Гронинген и Рода ќе одлучат за директен пласман во највисокиот ранг на холандскиот фудбал во последното коло во директна пресметка. Гронинген игра дома и има потреба од победа, додека секој друг исход ја одржува Рода на второто место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…