НБА тимот Лос Анџелес Лејкерс го отпушти тренерот Дарвин Хам по две сезони на оваа позиција.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Под водство на Хам, Лејкерси постигнаа сооднос 90-74 победи-порази во лигата и во двете сезони мораа да го заработат патот до плеј-офот преку плеј-ин турнирот.
Минатата сезона стигнаа до финалето на Западната конференција каде загубија од идниот шампион Денвер Нагетс со 0:4, додека годинава веќе во првото коло од плеј-офот повторно налетаа на Нагетс, кои беа подобри со победа од 4:1.
„Иако тоа е тешка одлука, тоа е и најдобриот начин на дејствување по комплетната анализа на сезоната. Оваа организација ќе остане целосно посветена на составување тим со калибар за титулата“, објави генералниот менаџер на 17-кратните шампиони во НБА, Роб Пелинка.
Претходно Хам изјави: „Последните две години беа пеколни да седите на ова столче, ви велам, тоа беше пекол“.