Првиот голман на Реал Мадрид, Белгиецот Тибо Куртоа би требало да се врати во првиот тим по тешката повреда на коленото, изјави на прес-конференција тренерот на Реал, Карло Анчелоти.
Реал игра со Кадиз во шпанската лига и тоа треба да биде првиот натпревар на Куртоа за кралскиот клуб оваа сезона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Но тренерот на Реал изјави дека Куртоа нема да брани во Лигата на шампионите. Андриј Лунин е првиот избор на Анчелоти во среда, кога Реал во Мадрид ќе го одигра реваншот против Баерн.
Украинецот беше одличен за Реал во елитното европско натпреварување и Анчелоти не сака да го стартува Куртоа, кој штотуку се опорави.
На прашањето кој ќе брани доколку Реал влезе во финалето на Лигата на шампионите, тој одговори: „Не знам“.