Дома Трансфер зона Tухел може да биде задоволен – еве колку пари ќе има на располагање Челзи во летниот преоден рок

Tухел може да биде задоволен – еве колку пари ќе има на располагање Челзи во летниот преоден рок

Британската Влада даде дозвола за продажба на Челси, па така клубот од рацете на рускиот милијардер Роман Абрамович ќе се пресели во сопствеништво на Тод Боели.

Англиските медиуми пишуваат дека Боели веднаш сака да донесе засилувања во клубот и да го врати на врвот во Премиерлигата, иако тоа нема да биде воопшто лесно.

Раководството на „сините“ ќе добие 220 милиони евра за засилувања во летниот преоден рок, но оваа сума може дополнително да се зголеми ако бидат продадени дел од фудбалерите, како што се планира.

Тренерот Томас Тухел ќе мора да си купи нов голгетер, откако Ромелу Лукаку не ги оправда очекувањата, а се очекуваат засилувања и во одбраната бидејќи тимот остана без Антонио Рудиггер, Андреас Кристенсен, а најверојатно ќе замине и Цезар Аспиликуета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер го претстави Андре Онана

Италијанскиот вицешампион откако го ангажираше Ромелу Лукаку денес го претстави и голманот…