Дома Топ вести TРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Сега има потврда – Пјонтек сака да замине, Милано го чека Ериксен, Тотенхем преговара за Жозе

TРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Сега има потврда – Пјонтек сака да замине, Милано го чека Ериксен, Тотенхем преговара за Жозе

Во последните денови од преодниот рок со Спортски следете се што се случува на трансфер пазарот.

Ако пропуштивте вчера – Ериксен скоро и да е нов играч на Интер! (тука)

Симоне Заза не е во плановите на Валтер Мацари во Торино. Италијански „Скај“ објави дека преговори за негов трансфер започнал шпански Виљареал.

Станковиќ изгледа ги повлекува своите врски во Италија и на Звезда може да и донесе големо име – Игнасио Абате! (тука)

Арсенал за украинскиот стопер Микола Матвијенко од Шахтјор понудил 4.5 милиони евра за позајмица и можност за откуп на лето за 22 милиони евра. Сепак, ова е далеку од бараните 35 милиони евра кои ги бараат Украинците.

Ништо од враќањето во Германија! Интер се откажа од Валентин Лазаро, но нема да го испрати во Бундес лигата. Лазаро пристигна на прегледи во Њукасл. Англискиот тим ќе плати два милиони евра за позајмица и ќе има можност на лето да го откупи за 22.5 милиони евра.

Јаник Караско сака да се врати во Европа. Откако се стишија гласините за можен трансфер во Италија, сега пристигнува информација дека неговиот тим Далијан преговара со Кристал Палас. (тука)

Mилан сака да го продаде и Родригез прифати трасфер во Фенербахче. Меѓутоа поради финансискиот фер-плеј трускиот тим мора да продаде прво неколку играчи и таа ситуација го загрозува потенцијалниот трансфер.

До сега со името на Дерик Роуз кој е вишок во Тотенхем се поврзуваа Њукасл и Бурнемоут, сега тука е и Вотфорд.

Oфицијално: Брајтон го потврди трансферот на Арон Мој од Хадерсфилд.

Добивме потврда дека Пјонтек сака да го напушти Милан и тоа од таткото на фудбалерот!

„Крис сака да го дочека Европското првенство во добра форма, а за тоа потребно е да игра. Ако во Милан нема таква можност тогаш ќе замине. Повеќе клубови сакаат да го доведат на позајмица, но на Италијанците им одговара да го продадат за да ја вратат вложената сума. Се ќе се знае во последнатан едела од преодниот рок. Да, Крис е на трансфер листата заедно со Пакета и Чалханолгу“, изјави Владисалв Пјонтек.

Нови информации за напаѓачот кој е мета на Мурињо. Вилијан Жозе веќе втор ден чека Тотенхем и Реал Сосиедад да се договорат за висината на оштетата. Вилијан во договорот има откупна клазула во износ од 70 милиони евра, меѓутоа Тотенхем нема намера да ја плати таа сума.

Вест Хем преговара за позајмица на напаѓачот на Амиен Серхо Гуирасу. Францускиот тим за овој играч миантото лето на Келн му плати пет милиони евра.

„Кориере дело Спорт“ пренесува дека Монако на Мертенс му понудил пет милиони евра за договор на две години. Ќе потсетиме договорот на Мертенс со Наполи истекува на лето.

Лукаку објасни зошто го напуштил Манчестер Јунајтед. (тука)

Тимот со кој Интер ќе се обиде да го симне Јувентус од врвот изгледа одлично! (тука)

Дел од шпанските медиуми пишуваат дека Зидан одбил 56 милиони евра од Ливерпул за Иско. Реал очекува од Иско ако заминува да заработи барем 70 милиони евра. (тука)

Мозес за трансферот во Интер: „Можноста да се игра во еден ваков престижен клуб со една неверојатна историја зад себе беше нешто што јас почувствував дека морам да го прифатам, едвај чекам да им се приклучам на моите нови соиграчи и да почнам со работа во тимот“.

Официјално: Реал го испрати Хесус Ваљехо на нова позајмица. После Вулверхемптон овој играч ќе игра за Гранада. Договорот за позајмицае до крајот на оваа сезона.

Трансферите на Азар и Јовиќ во Реал изгледаа како апсолутно промашувања – статистиката им е ужасна! (тука)

-Официјално: Адис Јаховиќ е нов напаѓач на Анталијаспор.

Рикардо Родригез конечно доби дозвола да го комплетира трансферот во Фенербахче (тука).

Аднан Јанузај е на чекор од преселба во Рома (тука).

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вечерва ќе се гледа ЛШ на Арена!

Објавата дека операторите во земјава нема да пренесуваат ништо друго освен МТВ поради зако…