Ливерпул сезонава доминира во англискиот фудбал и треба да се случи некакво чудо за Клоп и друштвото да не се радуваат на титулата на која овој клуб чека 30 години. Покрај тоа што „црвените“ доминираат и изгледаат како да немаат слаби точки, Клоп размислува за засилувања.
Една од желбите на германскиот стратег наводно бил играчот за врска на Реал Мадрид, Иско. Дел од шпанските медиуми пишуваат дека Реал Мадрид одбил 56 милиони евра од Ливерпул за Иско.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Причината поради која понудата била одбиена понудата според шпанците наводно е тоа што Зидан верува дека Иско наскоро ќе биде во неговата препознатлива форма.
Зидан би се откажал од услугите на Иско, меѓутоа за тоа да се случи треба некој да плати 70 милиони евра, сума која Ливерпул не сака да ја исплати за овој играч.