Јаник Караско пред себе имаше светла иднина во европскиот фудбал, играше одлично во Атлетико Мадрид, но во февруари во 2018 година изненадувачки избра кариерата да ја продолжи во Кина.
Според тврдењата на европските медиуми, авантурата на Караско во Кина брзо се претворила во кошмар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Веќе некое време 26 годишниот репрезентативец се надева на враќање на во Европа, а сега доаѓаат нови шпекулации дека тоа би можело да се случи ова зимо.
Пред крајот на 2019 година Караско се поврзуваше со трансфер во Италија, но сега познатиот новинар Кристорф Тереуер тврди дека за трансфер на Караско преговара Кристал Палас.
Караско има желба да се врати во Европа и тоа неодамна јавно го потврди, меѓутоа мора да чека клубовите да се договорат.
Наводно, Палас сака да го доведе Караско на позајмица.