Дома Фудбал Скаут на Барселона: Јамал ќе биде посилен од Меси

Скаут на Барселона: Јамал ќе биде посилен од Меси

Барселона минатото лето ја прошири својата скаутска служба со додавање нов член. Тој е Андреа Манчини, син на Роберто Манчини, тренерот кој со Италија го освои европското злато во 2020 година, а лигашките титули освојуваше со Манчестер Сити и три пати со Интер. Андреа Манчини тврди дека Ламин Јамал ќе стане посилен играч од Лионел Меси.

Легендата на Барселона, која денес е член на Интер Мајами кој се натпреварува во МЛС, за многумина е најдобриот фудбалер на сите времиња. За помладиот Манчини тој е пример кој 17-годишниот Јамал ќе го надмине.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Јамал досега има 82 настапи, 18 гола и 21 асистенција за Барса, со која беше шпански шампион и освојувач на Купот на кралот. Во дресот на шпанската репрезентација минатата година го славеше европското злато. Меси, во 778 натпревари за Барселона, постигна 672 гола и асистираше за 303, рушејќи рекорди на патот до освојување на сѐ што можеше.

Андреа Манчини живее на релација меѓу Барселона и Италија, каде што гледа натпревари и бара идни ѕвезди на каталонскиот клуб. „Не можев да ја одбијам понудата кога ја добив, тоа е уникатна можност“, рече тој и објасни што е неговата задача.

„Барам нов Ламин Јамал. Предизвикот на клубот е во првиот тим да извади годишно четири или пет играчи од Ла Масија. И тоа успева. Погледнете го Јамал, лесно е да се каже, но тој е таму веќе години. Ќе биде посилен од сите, и од Меси”, рече Манчини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ако продолжи традицијата стара 46 години, Лигата на шампиони ќе ја освои ПСЖ

Во финалето на оваа сезона на Лигата на шампиони кое ќе се одржи на 31-ви мај на Алијанц А…