
Фудбалскиот клуб Манчестер Сити е во потрага по нов голман бидејќи иднината на Едерсон Мораеш е неизвесна.
Тој беше привлечен кон Саудиска Арабија минатото лето, и повторно ќе биде. Едерсон е еден од најдобрите голмани во светот кога се работи за игра со нога, но постојат многу подобри чувари на мрежа кога станува збор за интервенции и доминација во шеснаесетникот. Манчестер Сити ќе се обиде да го искористи неговото име и истовремено да најде соодветен наследник кој може да го унапреди тимот.
Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓
Го најдоа на “Драгао” каде што е Дијого Коста. Репрезентативецот на Португалија и голманот на Порто е подготвен за значителен чекор напред по одличните години во дресот на гигантот од Пиринејскиот полуостров.
Наводно, понудата од 40 милиони што ја испратија “граѓаните” беше одбиена, но Порто не се грижи, ќе стигне друга. Се верува дека околу 60 милиони ќе бидат доволни за Дијого Коста да ја носи опремата на тимот од “Етихад” од лето.
Коста е учесник на академијата на Порто и со своите 25 години веќе има 249 натпревари во првиот тим, додека во 34 наврати го носел дресот на националниот тим.