Дома Фудбал Симеоне им постави прашање на новинарите, па следеше молк во салата: Дали некој виде нешто?

Симеоне им постави прашање на новинарите, па следеше молк во салата: Дали некој виде нешто?

Тренерот на фудбалерите на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, беше во неверување на прес-конференцијата по синоќешната елиминација од Лигата на шампионите од Реал.

Натпреварот кој може да се гледа на различни начини од првата минута, па до последниот изведен пенал во серијата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Дека некоја повисока сила го следи Реал во Лигата на шампионите беше докажано во серијата од пенали каде што погодокот на Хулијан Алварез беше поништен затоа што, наводно, топката ја допрел двојно. Снимките постојат од различни агли, но ниту еден не може прецизно да каже дали Аргентинецот навистина ја допрел топката со другата нога при изведување.

„Сите вие тука: подигнете рака доколку видовте дека Хулијан ја допре топката двапати. Ајде. И? Никој? Никој не крева рака? Следното прашање…“, луто им се обрати на медиумите Чоло Симеоне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Херојот на Албасете: Промени 20 клубви, го носеше и дресот на Реал Мадрид – ова е човекот кој е главна тема во Шпанија!

До вчера никој не знаеше за него, а денеска сите го пребаруваат – Хефте Бетанкор е главнат…