Дома Фудбал Oфицијално: Зидан се врати, познати се сите детали!

Oфицијално: Зидан се врати, познати се сите детали!

Зидан пет години беше надвор од фудбалските активности, откако во летото 2021 година реши да го напушти Реал Мадрид, со кој освои скоро сè што можеше.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако добиваше понуди од многу клубови ширум светот во последниве години, Зидан не се враќаше на фудбалската сцена, бидејќи чекаше повик само од француската фудбалска федерација.

Тој повик конечно стигна, бидејќи Француската федерација го покани Зидан да го преземе местото на селектор и по пет години чекање, тој момент конечно пристигна.

Денес, Французите официјално соопштија дека Зидан е новиот предводник на нивната репрезентација, заменувајќи го Дидиер Дешамп кој ги напушти „тритеколорите“ после Светското првенство.

Зидан потпиша договор кој важи до летото 2030 година и неговата прва задача ќе биде да го обезбеди пласманот на Европското првенство, а секако и освојување медал на ова натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА го избра најдобриот гол на Светското првенство (Видео)

ФИФА официјално го прогласи ударот на Сидни Лопес Кабрал од Зеленортските Острови за најуб…