
Македонскиот тренер Југослав Тренчовски и официјално беше претставен како нов шеф на стручниот штаб на словенечка Олимпија, со што започнува ново поглавје во својата кариера.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тренчовски на клупата на клубот од Љубљана го наследува Мишо Бречко, а со раководството на Олимпија потпиша едногодишен договор со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
По официјалната промоција, македонскиот стратег не го криеше ентузијазмот што ќе има можност да го предводи еден од најтрофејните словенечки клубови.
„За мене ова е голем предизвик, можеби и најголем во кариерата. Кога ќе ти се јави најголемиот клуб во Словенија и пешки би тргнал од Македонија. Знам дека тимот поседува огромен потенцијал и дека секогаш сака да се бори за самиот врв, среќен сум што веднаш почнувам со работа. Немам магично стапче за преку ноќ да правам чуда, но верувам дека ќе успееме да играме брз и доминатен фудбал со многу голови“, изјави Тренчовски.
До ангажманот во Олимпија дојде по успешниот период на клупата на Радомље, каде што остави одличен впечаток со својата работа. Токму резултатите што ги оствари во словенечкиот клуб беа една од главните причини раководството на Олимпија да му ја довери тренерската функција.