Дома Фудбал ФИФА го избра најдобриот гол на Светското првенство (Видео)

ФИФА го избра најдобриот гол на Светското првенство (Видео)

ФИФА официјално го прогласи ударот на Сидни Лопес Кабрал од Зеленортските Острови за најубавиот гол на Светското првенство 2026 година.

Левиот бек со ова остварување успеа да влезе во историјата како првиот фудбалер од африканска селекција кој ја добил оваа престижна награда.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кабрал ја заслужи наградата со фантастичниот погодок во осминафиналето против Аргентина. Во продолженијата, со брз и вешт дриблинг го совлада Алексис Мак Алистер, а потоа со прецизен удар од работ на шеснаесетникот го погодил горниот десен агол од мрежата на немоќниот Емилијано Мартинез.

.

Иако Зеленортските Острови беа елиминирани со несреќен автогол на крајот од продолженијата, нивната историска појавност меѓу 16-те најдобри селекции на светот на дебитантскиот настап на светското првенство останува запомнета како едно од најголемите изненадувања на турнирот.

Спектакуларниот гол на Кабрал сега доби и признание кое ќе остане запишано засекогаш во историјата на светските првенства.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона го постави последниот рок за трансферот на годината: Сега сѐ зависи од еден човек

Барселона влегува во завршните денови од обидот да го доведе Хулиан Алварез. Каталонскиот …