Дома Фудбал Потврдено: Швајцарија била оштетена против Аргентина!

Потврдено: Швајцарија била оштетена против Аргентина!

Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (ИФАБ), органот кој ги одредува правилата на играта, објави објаснување за употребата на ВАР технологијата за време на Светското првенство со што започна нова дебата за една од најконтроверзните судиски одлуки на турнирот.

Според објаснувањето од ИФАБ, ВАР може да се користи во случаи на погрешна идентификација на играчот кој добил жолт картон, но не и за преиспитување или поништување на дисциплинската одлука.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“Жолтиот картон, кој не е втор жолт картон, може да се прегледа само за доказ за идентитетот на казнетиот играч. Самиот прекршок не може да биде предмет на преглед или измени”, се наведува во објаснувањето на IFAB.

Ова толкување ја постави под знак прашалник одлуката донесена на четвртфиналниот натпревар меѓу Аргентина и Швајцарија, кој заврши со победа на Аргентина од 3:1.

На тој натпревар, судијата првично покажа жолт картон на Леандро Паредес за прекршок над Бреел Емболо. По интервенција на ВАР, беше заклучено дека имало грешна идентификација, па картонoт на Паредес беше поништен. Истовремено, Емболо беше казнет за симулирање, што му беше втор жолт картон на натпреварот и автоматски беше исклучен.

Сепак, според новото објаснување на ИФАБ, таквата одлука не била во согласност со правилата. ВАР можеше да реагира само ако се работеше за погрешно идентификуван играч каде што добил картон, но немаше овластување да ја менува причината за казната или да ја замени првобитната дисциплинска одлука со нова.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кукуреља го исполни лудото ветување дадено за Светското првенство (Видео)

Шпанскиот репрезентативец Марк Кукуреља реши да го исполни ветувањето што го даде пред Све…