Дома Фудбал Ново правило во Премиер лигата: Обложувалниците веќе нема да можат да бидат главни спонзори

Ново правило во Премиер лигата: Обложувалниците веќе нема да можат да бидат главни спонзори

Од сезоната 2026/27 официјално важи забраната за истакнување на логоа од обложувалници на предната страна на дресовите на клубовите од англиската Премиер лига.

Првпат после долго време, ниту еден од 20те клубови во Премиер лигата нема да носи лого на компанија од индустријата за спортско обложување како главен спонзор на своите натпревари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Оваа одлука претставува една од најзначајните промени во комерцијалното работење на англискиот фудбал во последниве години.

Силата на влијанието на обложувалниците најдобро се гледа во тоа што во сезоната 2025/26 дури 11 од 20 клубови во Премиер лигата на предната страна на дресовите имаа токму компанија за спортско обложување како главен спонзор.

Со новото правило, таквиот модел на соработка во целост е укинат и со тоа заврши ерата на доминација на кладионичарските компании на дресовите на клубовите од најсилната англиска лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона го постави последниот рок за трансферот на годината: Сега сѐ зависи од еден човек

Барселона влегува во завршните денови од обидот да го доведе Хулиан Алварез. Каталонскиот …