
Кевин Де Брујне, белгиската фудбалска ѕвезда и долгогодишен лидер на Манчестер Сити, наредното лето би можел да ја промени средината, а интересот за неговиот трансфер расте секој ден.
Според информациите на италијанските медиуми, еден од клубовите кој сериозно е заинтересиран за доведување на овој 32-годишен среден играч е Комо.
Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓
Де Брујне, кој со Сити освои шест титули во Премиер лигата, најави дека на крајот на сезоната 2024/25 ќе се збогува со клубот. Неговото име е поврзувано со бројни дестинации, вклучувајќи ја MLS, Саудиска Арабија, но и европските гиганти, како тимови од Премиер лигата и Серија А.
Иако шпекулациите за можен премин во Интер веднаш по неговата најава станаа гласни, италијанскиот портал “Калчомеркато” истакнува дека преминот во редовите на “нероазурите” е малку веројатен. Новите сопственици на Интер, кои го презедоа клубот на крајот од 2023 година, не се склони кон вложувања во искусни играчи, што ја намалува шансата за Де Брујне во Италија.