Дома Фудбал Прво изненадување за Гвардиола – добива дефанзивец од 35 милиони евра!

Прво изненадување за Гвардиола – добива дефанзивец од 35 милиони евра!

Манчестер Сити тргна во акција по дефанзивецот на Ланс, Абдукодир Хусанов.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Станува збор за 20-годишен Узбекистанец кој со одличните настапи оваа сезона го привлече вниманието на многу големи клубови, но Сити е најконкретниот.

Британските медиуми нагласуваат дека Пеп Гвардиола е подготвен да плати 30 милиони фунти, што е нешто повеќе од 35 милиони евра за неговиот потпис.

Интересно е што Ланс го пронајде и донесе Хусанов за само 100.000 евра на лето 2023 година од белорускиот Енергетик Минск како потполно анонимно име.

Помалку од две години подоцна, Узбекистанецот е на мета на еден Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона го провоцира Реал Мадрид пред Ел Класико: Кај вас драма, а кај нас…

Додека во Реал Мадрид последниве денови се зборува за конфликти, напнатости и проблеми во …