
Арон Ван-Бисака (27), десен бек на англискиот премиерлигаш Вест Хем, доби повик од репрезентацијата на ДР Конго, земјата од која потекнува.
Ван-Бисака е роден во Англија и играл за англиската репрезентација во помладите категории, а во 2019 година по одличниот старт во дресот на Манчестер Јунајтед, каде што пристигна од Кристал Палас за 55 милиони евра, доби повик за настап во сениорската репрезентација. Сепак, поради повреда отпадна од таа акција, а подоцна повеќе не беше повикуван.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Од ДР Конго неколку пати му се обратија на Ван-Бисака, но тој ги одбиваше. Сега неговото име се наоѓа на списокот од 26 играчи за пријателските натпревари против Мали и Мадагаскар кои ќе се играат на почетокот на јуни.
ДР Конго ќе игра кон крајот на годината на Африканскиот шампионат во Мароко. Во добра е позиција и по шест од десет одиграни кола, се наоѓа во завршниот круг квалификации за Светското првенство 2026. Води во група Б со 13 бода, еден повеќе од второпласираниот Сенегал. Победникот од групата ќе обезбеди директен пласман во САД, Мексико и Канада.