
На својата официјална страна Шкупи потврди дека Дембо Дарбо потпишал за белорускиот тим Шахттер Солигорск.
Дарбо во Чаир пристигна во 2019 година и постигна 16 голови во македонската прва лига. Сезонава во која Шкупи е во врвот на табелата Дарбо беше нивни најважен играч.
„Сакам да се заблагодарам на големата поддршка уште од првиот ден кога дојдов во Чаир. Посакувам многу успех на мојот тим, Шкупи ќе остане во моето срце“, порача Дарбо.
Коментари