Дома Фудбал Останато Oва е Озил кој му треба на Арсенал: Со пета исфрли половина противнички тим од игра (ВИДЕО)

Oва е Озил кој му треба на Арсенал: Со пета исфрли половина противнички тим од игра (ВИДЕО)

За време на репрезентативната пауза Арсенал одлучи да отпатува во Дубаи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Англискиот клуб запиша две важни победи пред да дојде паузата за репрезентативните натпревари.

Тимот на Унаи Емери прво во Премиер лигата на свој терен го совлада Манчестер Јунајтед со 2:0, а потоа во рамките од Лигата на Европа на свој терен славеше против француски Рен и така се пласираше во следната фаза од ова натпреварување.

Дел од играчите на Арсенал не добија повик во репрезентацијата, па може да се каже дека Арсенал денес во пријателскиот натпревар против Ал-Наср излезе со прилично силен тим и славеше во овој натпревар со 3:2.

Во овој натпревар играше и Месут Озил кој во псоледно време како да се враќа во форма откако имаше многу проблеми.

При постигнувањето на вториот гол Арсенал денес одработи одлична акција, а мајсторски потег направи Озил кој со пета му асистираше на Александар Лаказет кој ја погоди мрежата.

Навивачите на Арсенал беа воодушевени од овој потег на Озил и испраќаа пофалби на негова сметка преку друштвените мрежи.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шок за Нагелсман: Заврши Мундијалот за еден од најважните фудбалери на Германија!

Германската репрезентација успешно ги заврши првите две натпревари од групната фаза на Све…