
Иранскиот голман Алиреза Бејранванд стана вистински херој на иранската фудбалска репрезентација на Светското првенство, откако вечерта нѐ̀ импресионираше со своите одбрани на натпреварот против фаворизираната Белгија кој заврши 0:0.
Она што го издвојува овој 33-годишен чувар на мрежата меѓу многу други современи фудбалери е неговата неверојатна и инспиративна животна приказна, што е пример за спортска истрајност и човечки дух.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бејранванд израснал во номадско семејство во иранската провинција Лорестан, каде што од мал го задолжуваа со тешки задачи и чување овци. Неговата страст кон фудбалот се развила уште од детството, но тоа предизвикало несогласувања со татко му. Верувајќи дека фудбалот не е сигурна иднина, татко му остро му се спротиставуваше и неколкупати му ја уништуваше спортската опрема.
Just look at this save from Alireza Beiranvand 🤯! #BELIRN #Iran pic.twitter.com/jsa6jyWmCA
— The Final Whistle (@Rufus_45) June 21, 2026
Навивачите на Светското првенство беа најмногу импресионирани од неговите неверојатни исфрлувања на топката со рака, а корените на овој негов квалитет потекнуваат од неговото детство.
Во своите интервјуа, Бејранванд открива како како дете со пријателите играле локална игра по име Дал Паран, која вклучува фрлање камења на далечина. Преку оваа игра несвесно ја развил огромната сила на рамењата, што денес му овозможува да ја префрли половина од теренот со леснотија и директно им асистира на напаѓачите.
Одлучен да ги оствари своите соништа, Бејранванд донесе радикална одлука. Со позајмен пари купи билет и избега во Техеран. Пристигнувајќи во главниот град без никакви средства, со месеци живееше како бездомник, спиејќи пред клубските канцеларии каде што се обидуваше да го добие својот шанс.
За да преживее и да се снабди со основните потреби, работеше најтешки физички работи. Во Техеран беше ангажиран во фабрика за облека, автопералница, како опслужувач во пицерија, и некое време работеше како ноќен чистач на улици. Потоа настана пресврт.
🚨The Iranian national team goalkeeper, Alireza Beiranvand, signs the real Iranian flag for one of his fans. pic.twitter.com/5JwUy8qSxM
— The Saviour (@TheSaviour) June 21, 2026
Неговата напорна работа се исплатеше кога тренерите на Нафт Техеран го забележаа неговиот голем потенцијал и физички предиспозиции. Од тој момент, неговата кариера тргна нагоре, што го донесе до позицијата прв голман на иранската репрезентација.
На светската јавност стана познат на Светското првенство 2018 година, кога на натпреварот против Португалија го одбрани пеналот на Кристијано Роналдо. Тоа беше значаен момент, како симболика за неговиот пат – од дете кое спиеше на улиците на Техеран до голман кој на најголемата сцена спречува еден од најголемите фудбалери во историјата.
Вчера, повторно нѐ̀ изненади со своите одбрани на натпреварот против Белгија, кога успешно ги сопре напорите на Де Бреуне, Лукаку и компанија, додавајќи уште еден бод за својот тим и доближувајќи ги до нокаут фазата на натпреварувањето.
Кариерата на Бејранванд и неговите настапи на највисоко ниво денес се уште еден доказ дека спортската посветеност и железната волја можат да надминат и најтешките животни ситуации. Овој Иранец денес ги живее своите соништа.