Дома Фудбал Рашфорд е на чекор од потпис со новиот клуб?

Рашфорд е на чекор од потпис со новиот клуб?

Тотенхем забрзано ги засилува редовите во летниот преоден период и се чини дека следната голема цел е Маркус Рашфорд. Според информациите клубот од Северен Лондон се подготвува да поднесе официјална понуда за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, кој имаше одлична 2025/26 сезона на позајмица во Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во интерните разговори на Тотенхем, фокусот се поместува кон финализирање на официјалната понуда за Рашфорд, кој моментално е во одлична форма на Светското првенство со Англија. Клубот претпочита искусни играчи од Премиер лигата наместо неиспитани таленти од странство.

Спарси веќе го обезбедија Јан Пол Ван Хеке од Брајтон за 62 милиони евра, покрај бесплатните трансфери на Ендру Робертсон и Маркос Сенејси, и испорачаа огромна понуда од 95 милиони евра за Сандро Тонали од Њукасл.

Иако Јунајтед и Рашфорд договорија откупна клаузула од 47 милиони евра за летово, се шпекулациите дека Тотенхем не е спремен да ја плати таа сума. Наместо тоа, раководството на Спарс има план да започне со пониска понуда за да испита дали Црвените Ѓаволи се отворени за преговори.

Се тврди дека Рашфорд би сакал повторно да замине во странство или да се врати во Јунајтед и да се обиде да си обезбеди место во тимот. Преминувањето во друг клуб од Премиер лигата не е дел од неговиот план, што создава значајна пречка за Спарси. Сепак, можеби ќе мора да го преиспита својот став бидејќи Јунајтед сака да го продаде за да го намали буџетот за неговата голема плата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ибрахимовиќ откри кој му бил најдосаден натпревар досега на Мундијалот: Заспав во второто полувреме (Видео)

Легендарниот шведски напаѓач од босанско потекло, Златан Ибрахимовиќ, на својствен начин г…