
ФУДБАЛСКАТА репрезентација на Иран се збогува со Лос Анџелес со рачно напишана порака, во која се споменува и трагичното бомбардирање на училиште за време на конфликтот меѓу Иран и Соединетите Американски Држави. Откако во неделата одиграа 0:0 против Белгија, со што ги задржаа шансите за напредување во следната фаза на натпреварувањето, Иранската репрезентација остави писмо за благодарност во соблекувалната на стадионот СоФи пред да заминат за Сиетл, каде ги очекува натпревар со Египет.
Порака на благодарност со спомнување на жртвите
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
“Од античка Персија пред илјадници години до денешен цивилизиран Иран, иранскиот дух е жив и непобедлив”, стои на почетокот на пораката. И покрај ова, во писмото се вклучени и хаштаговите #168 и #minab, кои се однесуваат на бројот на загинати девојчиња при ракетниот напад врз училиште во градот Мињаб кон крајот на февруари, за време на нападот од САД и Израел врз Иран.
Пораката продолжува со зборовите: “Дојдовме во Лос Анџелес со гордост, се натпреварувавме чесно и заминуваме со достоинство. Благодариме, Лос Анџелес, за гостопримството. И благодарност до секој Иранец кој со срце, глас и душа беше со Иран во овие 180 минути. Нека мирот, почитта и пријателството надвладеат меѓу сите народи.”