Дома Фудбал Контроверзна изјава на Раде Богдановиќ на ТВ, го обвинуваат за расизам (Видео)

Контроверзна изјава на Раде Богдановиќ на ТВ, го обвинуваат за расизам (Видео)

Аналитичарот и поранешен фудбалер Раде Богдановиќ, во живо на емисијата на РТС посветена на Светското првенство, зборуваше во својот карактеристичен “народен стил” за натпреварот помеѓу Белгија и Иран (0:0). Но некои негови зборови за директниот црвен картон на играчот Натан Нгоја предизвикаа реакции.

Белгиецот беше исклучен на 66-та минута поради невнимателност, а според Богдановиќ, на играчот му недостасуваше концентрација затоа што е со темна кожа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“На ова ниво, да бидеш последниот играч на одбрана, топка која не е брза, стои на место и е во контрола, да сакаше со десна нога а потоа да промашиш и да шутнеш со лева, па да добиеш црвен картон. Јас секогаш сум велел дека тие играчи, не зборувам како расист навистина, но овие црнци немаат концентрација да издржат од 60 до 80 минути,” рече Богдановиќ и додаде:

“Играв со нив, и мораше нашите играчи понекогаш да ги чуваме за да не направат грешка. Светскиот фудбал сега не дозволува вакви ситуации на ова ниво,” изјави Богдановиќ.

Водителот во студиото реагираше и спомена дека и францускиот тим има многу играчи со темна кожа кои одржуваат концентрација во текот на целите 90 минути.

На ова Богдановиќ одговори:

“Ако не влегуваме во детали, и тие прават грешки. Нормално, не генерализирам, но многумина немаат концентрација, поради што се случуваат вакви грешки,” заврши Богдановиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Херојот на Иран има тешка животна приказна: Татко му не му давал да игра фудбал, па живеел како бездомник!

Иранскиот голман Алиреза Бејранванд стана вистински херој на иранската фудбалска репрезент…