Дома Фудбал Oбамејанг: Барселона ќе се врати, овој тим има голем потенцијал!

Oбамејанг: Барселона ќе се врати, овој тим има голем потенцијал!

Фудбалерот на Барселона, Пјер-Емерик Обамејанг смета дека неговиот тим има талентирани играчи и потенцијал за наредната сезона.

Барселона оваа сезона заврши на второто место на табелата со 13 бодови помалку од шампионот Реал Мадрид и не освои ниту еден трофеј. Обамејанг дојде во Барселона во зимскиот преоден рок како слободен играч од Арсенал и на „Камп Ноу“ одлично се снајде.

“Има многу неверојатно талентирани играчи кои само треба да работат и да веруваат во себе. Кога си млад, колку повеќе играш, толку повеќе имаш самодоверба. Тоа е причината поради која Барса ќе се врати. Овој тим има неверојатен потенцијал. Педри, Ансу, Гави…Тие имаат нешто посебно. Доаѓаат од Ла Масија директно во првиот тим. Тие се тука од мали нозе и тоа е најдоброто, клубот мора да се гордее со нив“, изјави Обамејанг.

Обамејанг исто така потенцираше дека во Барселона се чувствува убаво и сака да остане колку што е можно подолго.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бразилски новинар го критикуваше Жесус: Португеса е поголем клуб од Арсенал!

Бразилскиот напаѓач Габриел Жесус пред неколку дена официјално беше претставен како ново з…