Дома Моторспорт Норис ја освои пол-позицијата на првата трка од сезоната во Ф1

Норис ја освои пол-позицијата на првата трка од сезоната во Ф1

Британецот Ландо Норис во Мекларен ќе стартува од ‘пол позиција’ на првата трка од сезоната на Формула 1 за Голема награда на Австралија во Мелбурн, додека неговиот тимски колега Оскар Пиастри му се приклучи во првиот ред.

Бранителот на титулата Холанѓанецот Макс Ферстапен во Ред Бул ќе започне трет пред четвртопласираниот возач на Мерцедес Британецот Џорџ Расел. Шарл Леклер во Ферари ќе стартува седми, а Британецот Луис Хамилтон осми.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ова е десетта најдобра стартна позиција во кариерата за Норис, а Мекларен продолжи таму каде што заврши претходната сезона како најдобар тим на конструктори.

Трката за Големата награда на Австралија се вози во недела од 5 часот наутро по европско време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Возачите на Ф1 го избраа најдобриот меѓу нив: Светскиот шампион остана без награда, Хамилтон доживеа историски дебакл

Иако оваа година не го крена победничкиот пехар на крајот од првенството, Холанѓанецот убе…