Македонската фудбалска легенда Тонис Савевски доби големо признание во Грција – избран е за најдобар странски играч во историјата на АЕК.
Савевски дресот на АЕК Атина го носеше дури 11 години и во тој период освои четири титули во првенството и три во купот. Од АЕК поставија анкета во која учествувале повеќе од 7.000 фанови и го избираа најдобриот играч во историјата на клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во анкетата Савевски освои 47% од гласови и заврши далеку пред легендарниот бразилски фудбалер Ривалдо кој заврши како второпласиран.