
Од редовите на Охрид кој е организатор на Интернационалниот турнир „Крсте Андоновски“ соопштија дека екипата на АЕК која беше редовен учесник оваа година нема да учествува.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Организаторот не наведе, но сигурно дека причината е скандалот кој грчкиот тим го направи во реваншот со Алкалоид кога не се појави на теренот во Автокоманда, па натпреварот беше доделен со службени 10-0 за македонскиот претставник.
На местото на АЕК оваа година ќе учествува Тримо Требење.
На турнирот во Охрид кој ќе е одржува од 19 до 23 август ќе настапат уште екипите на: Вардар, Пелистер, Партизан, Динамо Панчево (Србија), Нексе (Хрватска) и Киндил Торшавн (Фарски острови).
Фото: ГРК Охрид