Руската тенисерка Мира Андреева беше поразена во третото коло на турнирот од серијата ВТА 1.000 во Мајами.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тоа беше првиот пораз за седумнаесетгодишната Русинка по две последователни титули, во Дубаи и Индијан Велс, и 13 победнички натпревари во низа.
Завршницата на натпреварот, како и „третото полувреме“, донесоа драма за сите љубители на женскиот тенис.
При резултат 3:1 во третиот сет за Анисимова, таа побара медицински тајм-аут усред гејмот поради повреда што ја здоби на раката, велејќи на судијата „дека не може ни да држи рекет“.
На Андрејева тоа не ѝ се допадна и јасно прокоментира дека „сите знаеме зошто“ Андрејева го зеде медицинскиот тајм-аут во тој момент.
По натпреварот, Американката реши да се огласи на социјалните мрежи со снимка од својот среден прст и објасни зошто мораше да земе медицински тајм-аут сред гејм, но тоа не беше сѐ.
Во еден момент покажа само среден прст пред камерата и со тоа испрати јасна порака до помладата колешка, со додавање коментар.
March Madness, or Miami Madness 🎭
— Tennis Channel (@TennisChannel) March 24, 2025
Сцени на стадионскиот терен како Анисімова решава да повика тренер среде гејм на сервисот на Андрејева ⤵️
Мира не беше задоволна.#MiamiOpen pic.twitter.com/112T4k4gv8
Откако Мира Андрејева ја обвини за тактизирање поради земање на медицински тајм-аут среде гејм заради површни рани за време на нивниот натпревар во Мајами вечерва, Аманда Анисімова му дозволи на прстот да зборува… pic.twitter.com/IjgtranEtI
— The Second Serve (@the2ndserve) March 24, 2025