Лионел Меси во моментов игра за Интер Мајами, но по завршувањето на кариерата ќе се врати да живее во Европа.
Аргентинецот вели дека тој и неговото семејство се носталгични кон Барселона и планираат да се вратат во овој град.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Оваа денешна Барселона со Ханси Флик е спектакуларна. Убаво е да се гледаат како играат, но не сум изненаден. Бев во Барселона од мојата 13-та година. Играчите од Ла Масија го познаваат овој клуб подобро од било кој и нормално е да играат одлично кога ќе добијат шанса“.
„Планирам со сопругата и децата да се вратам во Барселона и таму да живееме. На сите нас ни недостига Барселона. Имаме таму пријатели. Моите деца се Каталонци, поголемиот дел од мојот живот го минав во Барселона. Чувствувам дека тоа е мојот дом и многу ми недостига. Никогаш не знаеш каде ќе те однесе животот, но сакам Барселона да биде мојот дом во кој ќе живеам“, изјави Меси.