Дома Останати Тенис Медведев со коментар за казната на Синер го стресе тенискиот свет

Медведев со коментар за казната на Синер го стресе тенискиот свет

Првиот тенисер во светот постигна договор со Светската антидопинг агенција (ВАДА) и ќе биде суспендиран во следните три месеци, па ќе се врати точно пред мастерсот во Рим и Ролан Гарос.

На Италијанецот веројатно ни првото место на АТП листата нема да му биде загрозено, а може да го загуби само под услов Александер Зверев или Карлос Алкараз да ги освојат речиси сите турнири за време на неговата суспензија.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Многу интересен коментар за суспензијата на Италијанецот даде синоќа рускиот тенисер Данил Медведев, и тоа по поразот од Хамад Меџедовиќ во полуфиналето на АТП турнирот од серијата 250 во Марсеј.

„Се надевам дека отсега секој ќе може да преговара со ВАДА и ако тие речат: ‘Го најдовме ова, ќе бидат две години (суспензија)’, вие одговорите: ‘Не, сакам еден месец’. Се надевам дека ќе биде преседан. Инаку, ќе биде чудно“, рече Медведев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ивановски го победи Италијанецот Форти и ќе игра во главната фаза на Челинџерот во Сан Марино!

Македонскиот тенисер Калин Ивановски обезбеди пласман во главната фаза на турнирот во Сан …