Дома Бокс Масовна тепачка во Нови Пазар: Србија не памети вакви сцени во рингот (Видео)

Масовна тепачка во Нови Пазар: Србија не памети вакви сцени во рингот (Видео)

Србија не памети сцени какви што се случија синоќа на турнирот ‘Емир Хаџимујовиќ’ во Нови Пазар. Во спортската сала Догуш избувна масовна тепачка.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сè започна откако Вахид Кицара изгуби натпревар од Гркот Јоанис Цукалас. Противникот почна да слави, а потоа настана хаос.

Незадоволни поради прославата на противникот додека Кицара лежеше во несвест, човек од аголот на новопазарскиот борец доаѓа до грчкиот борец и го удира во глава.

Потоа започна целосно лудило. Следеше масовна тепачка во рингот, се вмеша и публиката и дефинитивно Србија, Нови Пазар и регионот не помнат вакво нешто.

Погледнете ги овие навистина шокантни сцени од салата Догуш.

Редарите и организаторите се обидоа да ја смират ситуацијата. Меѓутоа, никој не успеа да ги раздели конфликтните страни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Бокс

Проверете

Неофицијалната химна на БиХ ги воодушеви и луѓето во Би-Би-Си: Ова е многу заразно!

„Јас сум од Босна, одведи ме во Америка“, звучи насекаде низ светот, а тоа е благодарение …