Дома Останати Ракомет Македонија ја чека тежок ривал во баражот за СП 2025

Македонија ја чека тежок ривал во баражот за СП 2025

По завршувањето на главната фаза на Европското првенство во Австрија, Унгарија и Швајцарија, познати се сите репрезентации што ќе учествуваат во баражот за Светското првенство 2025, кое ќе се одржи во Германија и Холандија.

На ждрепката што ќе се одржи в недела, 22 селекции ќе бидат распоредени во два шешира, а во игра ќе бидат 11 билети за настап на претстојниот Мундијал. Македонската репрезентација, која ќе биде дел од вториот шешир, ќе ја дознае својата противничка екипа во баражот, каде што натпреварите ветуваат неизвесност и големи предизвици.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Во првиот шешир се наоѓаат:
Шведска, Црна Гора, Полска, Романија, Словенија, Швајцарија, Шпанија, Австрија, Чешка, Исланд и Фарските Острови.

Во вториот шешир се:
Македонија, Хрватска, Турција, Србија, Португалија, Украина, Словачка, Израел, Италија, Косово и Литванија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Пелистер го дозна распоредот на натпревари во ЛШ

Пелистер го доби официјалниот распоред од ЕХФ за новата сезона во Лигата на шампиони (ЛШ).…